ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА БРЗАТА ПРУГА ДОЛЖ КОРИДОРОТ 10: Пристигнати 16 понуди
Како што информираат од Министерството, во следниот период ќе следи анализа и евалуација на пристигнатите понуди. Финансиската конструкција за реализација на проектот е проценета на 1,91 милијарда евра.

Шеснаесет меѓународни финансиски институции и комерцијални банки доставија писма за изразување на интерес до Министерството за финансии за финансирање на проектот за брза пруга долж Коридорот 10.
Како што информираат од Министерството, во следниот период ќе следи анализа и евалуација на пристигнатите понуди. Финансиската конструкција за реализација на проектот е проценета на 1,91 милијарда евра.
Барањето за изразување на интерес беше испратено до 24 меѓународни финансиски институции и банки, со рок за одговор до 7 јули 2025 година. Заедно со писмото, доставено е и образложение за проектот подготвено од Министерството за транспорт и врски и МЖ Инфраструктура, разгледано и одобрено од Владата.
Проектот за брзата пруга претставува еден од најважните инфраструктурни приоритети на државата и дел од регионалната транспортна поврзаност во рамки на Коридорот 10.


