ГНЕВНА РЕАКЦИЈА ОД ВУЧИЌ – Пресудата за Додик е срам

ГНЕВНА РЕАКЦИЈА ОД ВУЧИЌ – Пресудата за Додик е срам
Фото: Принтскрин

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на посетата на општина Житораѓа, остро реагираше на судската пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

– Пресудата против Додик е сериозно прашање и Советот за национална безбедност ќе донесе заклучоци. Србија се наоѓа во најтешка позиција од 2008 година наваму. Поминавме низ многу кризи, но ова е посебен притисок врз нашата држава и раководство – рече Вучиќ.

Тој додаде дека меѓународни актери се обидуваат да ја испровоцираат Србија да реагира, но одлуката ќе биде донесена од колективните институции, а не под туѓо влијание.

Додека дишам и додека капка крв ми тече, нема да дозволам од мојата уста да излезе пофален збор за таа пресуда. Подобро е да не живеам отколку да ги предадам моите уверувања“ – заклучи Вучиќ со силен емоционален тон.

CATEGORIES
TAGS
Share This