ГЛАВНИОТ НА ПОРШЕ НА 82 ГОДИНИ СТАПИ ВО ЧЕТВРТИ БРАК – Изабраничката е 62.годишната Габриела Лајнинген
Габриела (62) е ќерка на бизнисменката Ренате Тисен-Хене и поранешна сопруга на Карим Ага Кан IV

Претседателот на Надзорниот одбор на „Порше“, 82-годишниот Волфганг Порше, стапи во брак со својата долгогодишна партнерка Габриела од Лајнинген. Интимната церемонија се одржа во Салцбург, а веста ја потврди нивниот портпарол Кристијан Шерц, кој замоли јавноста да ја почитува приватноста на новиот брачен пар.
Ова е четврти брак за Порше и доаѓа по разводот од неговата поранешна сопруга Клаудија во 2023 година. Лајнинген, која има 62 години, е ќерка на бизнисменката Ренате Тисен-Хене.
Габриела од Лајнинген претходно била мажена за Карим Ага Кан IV, поранешен имам на Низари Исмаилистите – гранка на шиитскиот ислам. По нивниот развод во 2014 година, таа повторно го презела презимето на својот претходен сопруг, принцот Карл-Емих од Лајнинген.
Волфганг Порше бил само петгодишно дете кога неговиот татко Фердинанд го создаде првиот спортски модел на брендот – „Порше 356“, легендарен претходник на славниот „911“.


