FITUR 2026 – Македонија конкурентна туристичка дестинација
На средбата се дискутираше за одржлив туризам, регионален развој и заштита на културното наследство

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ја предводи македонската делегација во Шпанија, каде вчера се сретна со генерален секретар на UNWTO, Шаика ал Новаис. На средбата се разговараше за унапредување на соработката и поддршката за одржлив туристички развој, регионален развој, заштита на културното наследство и јакнење на професионалноста во туризмот.
Љутков исто така оствари средба со Фуад Нагхиев, директор на Државната агенција за туризам на Азербејџан, при што беше разговарано за отворање нов туристички пазар, B2B-средби и промоција на македонскиот културен, верски, еногастро и активен туризам.
Денеска, министерот ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем на туризам FITUR 2026, на кој ќе бидат присутни кралот и кралицата на Шпанија. Министерството нагласува дека учеството ја потврдува посветеноста на Македонија да биде конкурентна и одржлива туристичка дестинација.

