ФИНАЛЕ ВО КЕЛН Германски дуел во финалето на ракометниот „фајналфор“
Ова е резултатот по денешните полуфинални натпревари, во кои германските тимови ги победија своите ривали од Франција и Шпанија.

Фото:Википедиа
Бундеслигашите Фуксе Берлин и Магдебург ќе се борат за титулата на годишното издание на „фајналфор“ турнирот во Келн.
Ова е резултатот по денешните полуфинални натпревари, во кои германските тимови ги победија своите ривали од Франција и Шпанија.
Во првиот полуфинален меч, Фуксе Берлин го декласираше Нант со убедливи 34:24.
Во вториот полуфинален дуел, Магдебург со тесна победа од 31:30 го совлада силниот тим на Барселона.
Финалето е закажано за утре во 18 часот, а три часа претходно ќе се игра натпреварот за третото место.
CATEGORIES Ракомет


