ФИЛИПЧЕ МАНИПУЛИРА Македонскиот јазик не е гарантиран во ЕУ

Едно вето може да ја блокира одлуката - Милошоски тврди дека преговарачката рамка не гарантира службен статус за македонскиот јазик.

ФИЛИПЧЕ МАНИПУЛИРА Македонскиот јазик не е гарантиран во ЕУ
Фото: Принтскрин

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, го обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека манипулира со јавноста кога тврди дека преговарачката рамка со Европската Унија веќе го гарантира македонскиот јазик како еден од службените јазици на Унијата.

Милошоски посочува дека статусот на службените јазици во ЕУ се утврдува со едногласна одлука на Советот на ЕУ, што значи дека ниту една земја членка не смее да се спротивстави на евентуалното барање за воведување нов службен јазик.

Како аргумент, тој ги наведува членот 55 од Договорот за Европската Унија и членот 342 од Договорот за функционирањето на Европската Унија, како и документот „Preparing for a wider Union“, во кој, според него, се потврдува значењето на овие одредби.

„Правилото е едноставно: официјалните јазици на институциите на ЕУ, без исклучок, се определуваат со едногласна одлука од страна на Советот на ЕУ“, наведува Милошоски во објава на Фејсбук.

Тој тврди дека досега ниту еден документ не гарантира дека македонскиот јазик автоматски ќе стане службен јазик на Унијата со евентуалното членство на Македонија.

Според Милошоски, за остварување на оваа цел ќе бидат потребни сериозни дипломатски напори, континуиран политички ангажман и поддршка од сојузници во рамките на ЕУ.

Тој оценува дека тврдењата на Филипче создаваат лажна сигурност кај граѓаните и претставуваат обид за прикривање на пропустите на претходната влада во однос на заштитата на македонските национални интереси.

CATEGORIES
Share This