ФИЛИПЧЕ ГО ИСФРЛИ КОСТАДИНОВ ОД ИГРА Струмица добива нов кандидат

Филипче одлуката да не го кандидира Костадинов ја оправда со анкети и консултации со граѓаните, додавајќи дека очекува Костадинов и натаму да ѝ остане на располагање на партијата.

ФИЛИПЧЕ ГО ИСФРЛИ КОСТАДИНОВ ОД ИГРА Струмица добива нов кандидат
Фото: Принтскрин

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, го замрзна своето членство во СДСМ откако не се најде на листата со кандидати за градоначалници што ја објави лидерот на партијата, Венко Филипче.

Костадинов ја соопшти својата одлука преку социјалните мрежи, посочувајќи дека не сака да биде дел од партијата под актуелното раководство. Тој најави креирање на ново политичко делување, кое ќе го претстави по завршувањето на локалните избори.

„Мојата партиска припадност од денес е замрзната. Не со ова раководство, не додека СДСМ не се врати таму каде што ѝ е местото. Ќе креирам ново политичко делување со стратегија која ќе обедини авторитети, ќе биде привлечна за младите и одбивна за политичките авантуристи,“ изјави Костадинов.

Од СДСМ изјавија дека немаат коментар за неговата одлука, но најавија дека лидерот Филипче вечерва ќе испрати пораки од трибината во Крушево.

Филипче одлуката да не го кандидира Костадинов ја оправда со анкети и консултации со граѓаните, додавајќи дека очекува Костадинов и натаму да ѝ остане на располагање на партијата.

„Мислам дека актуелниот градоначалник треба чесно да се стави на располагање на партијата, исто како што партијата стоела зад него,“ рече Филипче.

Костадинов очекувал нова кандидатура бидејќи според анкетите имал предност пред Даскаловски, но Филипче се одлучи за друг кандидат.

CATEGORIES
TAGS
Share This