ФИЛИПЧЕ АЛАРМИРА Македонија тоне во сиромаштија, платите не стигнуваат ни за основно преживување

Околу 160.000 работници со примања под 30.000 денари се соочуваат со тешка финансиска состојба.

ФИЛИПЧЕ АЛАРМИРА Македонија тоне во сиромаштија, платите не стигнуваат ни за основно преживување
Фото: Национал

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција оцени дека економската состојба во државата значително се влошува, а граѓаните сè потешко ги покриваат основните трошоци за живот. Според него, Владата не презема доволно мерки за заштита на населението во услови на економска криза.

Тој посочи дека синдикалната кошничка достигнала речиси 69.000 денари, нагласувајќи дека три минимални плати не се доволни за нејзино покривање. Дополнително, обвини дека, како што рече, се прават измени во нејзината структура, што го нарече манипулација.

Филипче истакна дека околу 160.000 работници во земјата примаат плата до 30.000 денари, што, според него, е недоволно за достоинствен живот и излегување од сиромаштија. Тој се повика и на податоци за стапка на сиромаштија од 27,9% во првата година од владеењето на актуелната власт, како и инфлација од 5,7%, повисока од онаа во еврозоната.

Во однос на економските движења, Филипче предупреди дека поскапувањата на горивата и глобалните геополитички тензии, особено на Блискиот Исток, веќе создаваат притисок врз цените. Според него, Владата доцни со ефективни мерки, а порастот на цените веќе е во тек и тешко ќе се врати на претходното ниво дури и при стабилизирање на пазарите.

CATEGORIES
Share This