ЕВРОПРАТЕНИЧКАТА ЈОВЕВА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК Македонскиот народ постои – со или без ваша дозвола

Особено внимание привлече словенечката европратеничка Ирена Јовева, која говореше на македонски јазик. Таа им се обрати на бугарските колеги со силна порака

ЕВРОПРАТЕНИЧКАТА ЈОВЕВА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК Македонскиот народ постои – со или без ваша дозвола
Фото: Принтскрин

Извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од европратеникот Томас Вејц, беше разгледан вчера на пленарната седница на Европскиот парламент. Во дебатата учествуваа голем број европратеници, меѓу кои и бугарски претставници.

Особено внимание привлече словенечката европратеничка Ирена Јовева, која говореше на македонски јазик. Таа им се обрати на бугарските колеги со силна порака:

„За да постои, на македонскиот народ не му е потребна ваша дозвола. Вам ви се потребни чесност, интегритет и храброст за да го признаете тоа. – рече Јовева.

Дискусијата се одржа во пресрет на денешното гласање за извештајот, при што ќе се одлучува и за амандманот предложен од трите најголеми политички групи, кој предвидува целосно бришење на споменувањето на македонскиот јазик и идентитет.

Ирена Јовева, која има македонско потекло и припаѓа на словенечката партија „Движење за слобода“, е дел од пратеничката група „Обнова на Европа“. Оваа група веќе најави дека нема да го поддржи амандманот што го оспорува македонскиот јазик и идентитет.

CATEGORIES
TAGS
Share This