ЕВН СО ЗАФАТ НА ЕЛЕКТРИЧНАТА МРЕЖА Делови од Карпош и Гази Баба без струја

Дел од општините Гази Баба и Карпош ќе останат без електрична енергија денеска, поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, согласно известувањето од страна на ЕВН Македонија АД, прекинот во снабдувањето со електрична енергија ќе се реализира по следниот распоред:
- од 08:00 до 14:00 часот, корисниците на улица 22, во населбата Инџиково, општина Гази Баба ќе бидат без струја;
- од 09:00 до 13:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на улица „Јуриј Гагарин“ број 57, во општина Карпош.
Од надлежните служби информираат дека снабдувањето со електрична енергија ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на планираните зафати.
CATEGORIES Македонија


