Европскиот суд на правдата (ЕСП) донесе пресуда со која утврдува дека земјите-членки на ЕУ се должни да го признаат бракот меѓу лица од ист пол доколку тој е законски склучен во друга членка на Унијата.
Одлуката произлегува од случај со Полска, која одби да го признае бракот на двајца полски државјани склучен во Германија, повикувајќи се на националното законодавство што не дозволува истополови бракови, пренесе Ројтерс.
Судот истакна дека ваквото одбивање е спротивно на правото на Европската Унија, бидејќи ја ограничува слободата на движење на граѓаните и го нарушува правото на приватен и семеен живот.