ЏЕКПОТОТ Е ОСВОЕН – Милијарди долари во Арканзас

о речиси три месеци без добитник, еден тикет од Арканзас ја промени историјата на Пауербол

ЏЕКПОТОТ Е ОСВОЕН – Милијарди долари во Арканзас
Фото: Принтскрин

Во сојузната американска држава Арканзас е идсплатена неверојатна добивка на лото во висина од една милијарда долари. Добивката се случила по тримесечно неуспешно извлекување на добитник. Станува забор за американската лотарија Пауербол каде среќниот играч со историскиот џекпот со броевите 04, 25, 31, 52 и 59, со Пауербол бројот 19.

Поради зголемената продажба на лотариски тикети до самиот крај, џекпотот значително ги надмина првичните очекувања и стана втор најголем во историјата на американската лотарија, како и најголема Пауербол награда оваа година. Победникот има можност да избере еднократна исплата во готово во износ од 834,9 милиони долари.

Ова извлекување стави крај на серија од 46 последователни извлекувања без добитник. Претходниот пат кога беше освоен џекпотот беше на 6 септември, кога двајца добитници од Мисури и Тексас го поделија рекордниот износ од 1,787 милијарди долари.

Од Пауербол соопштија дека ова е вторпат во историјата главната награда да биде освоена со тикет продаден во Арканзас, по првиот таков случај забележан во 2010 година.

CATEGORIES
Share This