ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА ДО ВЛАДИНИТЕ СОВЕТНИЦИ Не знаете да ја искористите шансата од извештајот на ЕП, она што го гледате како пораз може да биде победа за Македонија

Не е проблем извештајот, туку неспособноста да се чита, критика по европскиот Извештај за Македонија

ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА ДО ВЛАДИНИТЕ СОВЕТНИЦИ Не знаете да ја искористите шансата од извештајот на ЕП, она што го гледате како пораз може да биде победа за Македонија
Фото: Принтскрин

Извршниот комитет на Единствена Македонија расправаше за најновиот извештај на Европскиот парламент во Стразбур и со жалење констатира дека владините советници покажуваат недоволен капацитет во однос на клучните пораки содржани во вчера усвоениот Извештај за Македонија.

Во јавноста доминира оценката дека Извештајот е неповолен за Македонија, особено поради деловите во кои се бара исполнување на обврските поврзани со Договорот со Бугарија, Вториот протокол, работата на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања како и инсистирањето на на европски гаранции.

Но, токму овие точки, кои денес се претставуваат како неповолни, можат да бидат претворени во силен аргумент во корист на Македонија. ЕУ и Бугарија постојано се повикуваат на почитување на Договорот и механизмите што произлегуваат од него.

Токму затоа, Македонија има можност за финално поентирање во Брисел со несоборливи аргуметни токму во согласност со Договорот. Односно, македонските интереси да бидат застапени токму преку она што го бараат Бугарија и ЕУ и на што вчера ликуваа во Бугарија за нивна голема политичка победа и пораз за Македонија.

Македонија има можност да ја сврти ситуацијата во своја корист, но само доколку владините советници ги апсолвираат овие точки на вистински начин. Она што се смета за слабост во Извештајот може да стане најсилната позиција на Македонија. Аргументите постојат – потребно е знаење за нивно правилно користење.

CATEGORIES
TAGS
Share This