ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА БАРА СОВЕТ НА ПОЛИТИЧКИ ЛИДЕРИ ЗА НАЦИОНАЛНИ ПРАШАЊА – Нема големи и мали партии кога е Македонија во прашање

Партијата бара широк консензус за прашања од државно и национално значење.

ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА БАРА СОВЕТ НА ПОЛИТИЧКИ ЛИДЕРИ ЗА НАЦИОНАЛНИ ПРАШАЊА – Нема големи и мали партии кога е Македонија во прашање
Фото: Единствена Македонија

Единствена Македонија изразува загриженост поради, како што наведува, континуираните процеси кои влијаат врз македонскиот национален идентитет и државните позиции. Според партијата, неопходно е поголема внимателност и одговорност од страна на институциите во однос на прашања од национален интерес.

Партијата ја поздравува, како што ја оценува, цврстата определба на актуелната власт да не прави дополнителни отстапки кои би навлегле во виталните национални и државни интереси на Македонија и македонскиот народ, но смета дека тоа е недоволно заради што е потребен поширок и поинклузивен пристап.

Во тој контекст, Единствена Македонија нагласува дека прашањата од ваков карактер не треба да бидат предмет на одлучување на поединечни политички структури, туку бараат национален консензус, бидејќи ова не се прашања на една партија или на една влада.

Затоа, партијата предлага формирање на Совет на политички лидери од сите политички партии, во кој би се усогласувале заеднички позиции по прашања од највисок државен и национален интерес, односно, изградба на национален став со јасно дефинирање дека секое отстапување од тој став ќе се цени за национално предавство во Македонија.

Нема големи и мали партии кога станува збор за Македонија и Македонците – има само добри и лоши идеи!

36 ГОДИНИ ПОДЕЛБИ Народот бара единство за националните интереси, за се друго нека има расправии

CATEGORIES
TAGS
Share This