36 ГОДИНИ ПОДЕЛБИ Народот бара единство за националните интереси, за се друго нека има расправии

По децении политички тензии, граѓаните бараат заеднички став за клучните државни прашања.

36 ГОДИНИ ПОДЕЛБИ Народот бара единство за националните интереси, за се друго нека има расправии
Фото: Единствена Македонија

Единствена Македонија и македонскиот народ со загриженост ги следат секојдневните политички препукувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Според нив, во изминатите 36 години граѓаните постојано се сведоци на меѓусебни обвинувања меѓу двете најголеми партии во плурална и демократска Македонија.

Партијата Единствена Македонија, која во основа се бори за одбрана на македонските национални и државни интереси, ги повикува ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да покажат единство околу клучните национални прашања и да го израдуваат народот со заеднички став.

Според партијата, неопходно е да се постигне национален договор за најважните национални и државни прашања од неколку точки и во кои никој нема да чепка без разлика која партија победува на избори, додека за се друго, кој каква економска, земјоделска, спортска, културна, младинска…или било каква политика ќе води може слободно да се расправаат на избори сите партии учесници на изборите.

Тие нагласуваат дека домашното единство е најсилната заштита од внатрешни и надворешни закани и предупредуваат дека, ако државата  се сруши сите ќе не затрупа во неа. Според нив, во услови на секојдневни антимакедонски активности од непријателите на македонското дело, останува прашањето, што уште треба да се случи за да видиме домашно единство во Битката за Македонија и Македонците.

ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА ДО СДСМ Оставете го Груевски, ајде иницијатива за одземање на украденото од Мијалков

CATEGORIES
TAGS
Share This