ЌЕ УМРЕ Џил Бајден со потресна исповед за болеста на Џо и животот без него

Сопругата на поранешниот американски претседател откри дека ракот се проширил на коските и призна: „Не можам да го замислам животот без него“

ЌЕ УМРЕ Џил Бајден со потресна исповед за болеста на Џо и животот без него
Фото: Принтскрин

Сопругата на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден, Џил Бајден (75), откри дека неговиот рак на простата се проширил на коските и призна дека е свесна оти нејзиниот сопруг е соочен со смртна болест.

Во разговор за магазинот „People“, поранешната прва дама на САД раскажа како семејството се справува со тешката дијагноза и со неизвесноста што ја носи болеста.

„Секако дека сум исплашена. Тој е речиси 10 години постар од мене. Но, со таква болест едноставно не смеете да дозволите мислите да одат во негативна насока. Не можете да го замислите животот без него. Но знаете дека тој ќе умре, исто како што знам дека и јас ќе умрам. Дел од тоа едноставно го прифаќате“, изјавила Џил Бајден.

Таа открила дека Џо Бајден по дијагнозата останал „силен“ и „отпорен“, но дека со неа не разговарал за своите стравови.

„Тој секогаш беше столб на нашето семејство“, рекла таа.

Според Џил Бајден, семејството одлучило да не дозволи болеста целосно да им го одреди секојдневието, туку да го искористат времето што им преостанува заедно.

„Џо има рак, ќе умре, па ајде да го искористиме максимално секој момент. Да бидеме заедно и да најдеме работи што нè прават среќни. Нека ова биде позитивно патување, а не негативно. Како би можело да се живее со тоа секој ден? Премногу е тешко“, изјавила таа.

Кабинетот на Бајден во мај минатата година соопшти дека на поранешниот претседател му бил дијагностициран агресивен рак на простата во четврта фаза, кој веќе се проширил на коските.

Бајден беше 46-ти претседател на Соединетите Американски Држави. Тој победи на претседателските избори во 2020 година, на кои го порази тогашниот претседател Доналд Трамп.

CATEGORIES
Share This