ЌЕ СЕ ЧИСТИ РЕЗЕРВОАРОТ ВО РАШЧЕ Без вода делови од Сарај и Центар

Поради чистење на резервоарот за вода во селото Рашче, денеска без вода ќе бидат населените места Рашче, Копаница и Бојане, соопшти Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 9:00 до 13:00 часот.
Исто така, поради изведување на водоводен приклучок на улицата „Христо Смирненски“ бр. 13, од 9 часот до завршување на интервенцијата без вода ќе останат корисниците на дел од истата улица – на потегот од „Зур – Маркет“ до булевар „Партизански Одреди“ во општина Центар.
CATEGORIES Македонија
