ЌЕ ИГРАМЕ 100 МИНУТИ Шокантно предвидување на Марадона што денес звучи реално
Марадона уште во 2018 година предупреди дека комерцијализацијата ќе го смени духот на фудбалот.

Легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона, кој многумина сè уште го сметаат за најдобар на сите времиња, повторно е во центарот на вниманието поради изјава дадена уште во 2018 година, која денес се толкува како своеобразно „предвидување“ за развојот на светските првенства. Тој тогаш изрази скепса кон доделувањето на домаќинството на Светското првенство во Северна Америка, предупредувајќи дека комерцијалните интереси ќе имаат сè поголемо влијание врз фудбалот.
„Не ми се допаѓа, таму нема страст. Канаѓаните се добри скијачи, а Американците сакаа да воведат четвртини од 25 минути за рекламни цели. На крајот ќе играме 100 минути“, изјави Марадона со доза на иронија.
Иако форматот на натпреварите не беше променет во четири четвртини, во последните години се воведени дополнителни паузи за хидратација поради високите температури, што отвори и нови можности за телевизиски реклами. Дополнително, продолженото судиско време често прави натпреварите да траат и над 100 минути.
Токму поради тоа, дел од фудбалската јавност смета дека Марадона уште тогаш на некој начин ја навестил насоката во која се движи модерниот фудбал. Марадона, кој со Аргентина го освои Светското првенство во 1986 година, почина во 2020 година по срцев застој, додека се опоравуваше од операција на мозокот.
(ВИДЕО) КРВАВО ФУДБАЛСКО ФИНАЛЕ ШТО ЈА ПОТРЕСЕ ШПАНИЈА – Тепачка, Марадона и крал на трибините


