ДРЖАВАТА ДАВА ДО 30.000 ДЕНАРИ ЗА ГРЕЕЊЕ Проверете дали ги исполнувате условите

Рокот за аплицирање е продолжен до 31 октомври 2026 година, а средствата ќе се доделуваат по принципот „прв дојден - прв услужен“.

ДРЖАВАТА ДАВА ДО 30.000 ДЕНАРИ ЗА ГРЕЕЊЕ Проверете дали ги исполнувате условите
Фото: Принтскрин

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го продолжи рокот за аплицирање за финансиска поддршка за приклучок на природен гас и набавка на гасни котли.

Со измените на Програмата за поттикнување на снабдувањето со гас во домаќинствата за 2026 година, објавени во „Службен весник“, граѓаните ќе можат да поднесуваат барања до 31 октомври 2026 година.

Домаќинствата кои ги исполнуваат условите можат да добијат финансиска поддршка до 30.000 денари, односно до 70 проценти од трошоците за изведба на приклучок на природен гас или набавка на котел на гас.

За мерката се обезбедени 3 милиони денари, а средствата ќе се распределуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, односно сè до нивно целосно искористување.

Право на апликација имаат домаќинствата кои во текот на 2026 година ќе направат куќен приклучок на системот за дистрибуција на природен гас, како и оние кои ќе набават котел на гас за објект што веќе бил приклучен на системот до 1 јануари 2026 година.

Од Министерството посочуваат дека продолжувањето на рокот има цел да им овозможи на повеќе граѓани да ја искористат поддршката, да ги намалат трошоците за греење и да преминат кон поефикасни и почисти енергетски решенија.

По истекот на рокот, комисија ќе ги разгледа пристигнатите барања, а средствата ќе им бидат исплатени на корисниците кои ги исполнуваат условите од јавниот оглас. Дополнителни информации се достапни на веб-страницата на Министерството.

CATEGORIES
Share This