ДРАСТИЧНО НАМАЛУВАЊЕ НА РАБОТНИЦИТЕ ВО ИНДУСТРИЈАТА – Некои сектори го чувствуваат најмногу ударот
Во февруари бројот на вработени се намалил за 3,4%, најмногу во рударството (-6,3%), додека единствено трајните производи за широка потрошувачка бележат раст од 1,6%.

Бројот на работници во индустријата во февруари годинава бележи намалување од 3,4% споредено со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Најголемо намалување е забележано во секторот Рударство и вадење камен – 6,3%. Во Преработувачката индустрија бројот на работници се намалил за 3,4%, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација намалувањето изнесува само 0,4%.
Според главните индустриски групи во енергијата има намалување од 2,4%, кај капиталните производи има намалување од 4,5%, нетрајни производи за широка потрошувачка намалување од 4,1% и интермедијарни производи, освен енергија намалување од 3,0%.
Единствено зголемување е забележано во групата Трајни производи за широка потрошувачка, со пораст од 1,6%.
