ДРАМАТИЧНА ПОРАКА ОД ЗЕЛЕНСКИ- Стално сме под притисок од сојузниците да ги намалиме нападите врз Русија
Претседателот вели дека нападите би можеле да престанат ако Русија ја смири својата енергетска кампања.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, откри дека некои сојузници побарале од Киев да ги намали нападите врз руската енергетска инфраструктура поради глобалната криза со горивото.
„Добивме пораки од наши партнери да ги намалиме одмаздничките напади врз рускиот нафтен и енергетски сектор“, изјави Зеленски.
Тој додаде:
„Ако Русија престане да ја напаѓа нашата енергетска инфраструктура, ние ќе престанеме да ја напаѓаме нивната.“
Претседателот не прецизира кои земји ги упатиле овие барања, но се знае дека САД неодамна ги ублажиле дел од санкциите против руската нафта поради поскапувањето на енергијата предизвикано од конфликтот во Иран.
Изјавата на Зеленски следува по серија украински напади на рускиот енергетски сектор, вклучувајќи и важниот терминал за извоз на нафта во Уст-Луга, близу Санкт Петербург.
Претседателот ја соопшти оваа информација по завршувањето на својата турнеја низ Блискиот Исток, каде го посети Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар и Јордан. Сега се враќа во Киев.
