ДРАМАТА СО ВОДАТА ПРОДОЛЖУВА Земени нови мостри од болница, градинки, ресторан, црква и џамија

ХВ зема нови мостри од повеќе локации во Гостивар, а резултатите од анализите треба да ги достави Институтот за јавно здравје.

ДРАМАТА СО ВОДАТА ПРОДОЛЖУВА Земени нови мостри од болница, градинки, ресторан, црква и џамија
Фото: Принтскрин

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) продолжува со контролите во Гостивар, каде што се земени нови мостри од повеќе локации, а забраната за користење на водата од градскиот водовод останува во сила сè додека надлежните институции не потврдат дека таа е безбедна.

Директорот на АХВ, Оливер Миланов, информираше дека вчера биле земени примероци од јавна чешма, две градинки, Општата болница, ресторан, како и од чешми во црква и џамија. Резултатите од анализите, според Миланов, треба да ги достави Институтот за јавно здравје по завршувањето на испитувањата.

Во меѓувреме, инспекторите на АХВ се постојано на терен и вршат контроли во угостителските објекти и јавните установи. Миланов посочи дека рестораните мора да обезбедат технички безбедна вода за подготовка на храна, пијалаци и за одржување на приборот. Од АХВ предупредуваат дека водата од системот на ЈП „Комуналец“ – Гостивар не смее да се користи до добивање поинаква официјална насока.

„Водата не е употреблива додека не дадеме поинаква насока. Треба да биде обезбедена посебна вода, технички безбедна, за приготвување храна и пијалаци, како и во болниците и јавните установи“, изјави Миланов.

Тој додаде дека инспекторите ќе продолжат со засилен надзор, особено во периодот кога во Гостивар се очекува зголемен број посетители, иселеници и свадбени прослави.

CATEGORIES
Share This