ДРАМА ВО СКОПЈЕ Малолетник заклучил 12-годишно девојче во автомобил во паркот Сарај

Според пријавата во полиција, малолетник ја заклучил во автомобил против нејзина волја и останал со неа и нејзината другарка до утринските часови.

ДРАМА ВО СКОПЈЕ Малолетник заклучил 12-годишно девојче во автомобил во паркот Сарај
Фото: Принтскрин

Вознемирувачки случај со 12-годишно девојче е пријавен во полицијата во Скопје, откако мајка пријавила дека нејзината ќерка била заклучена против своја волја во патничко возило од страна на малолетник, по средба во паркот Сарај.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, мајката на 13 ноември во 01:00 часот пријавила дека нејзината малолетна ќерка претходниот ден, околу 18:00 часот, се оддалечила од семејниот дом.

Подоцна, во 07:40 часот на 13 ноември, мајката повторно ја известила полицијата дека девојчето се вратило дома.

Според пријавеното, 12-годишното девојче и нејзина малолетна другарка се сретнале со неколку малолетници во паркот Сарај. Во еден момент, еден од нив ја заклучил 12-годишната девојка во патничко возило против нејзина волја.

Малолетникот, според пријавата, останал во автомобилот со двете девојчиња до следното утро.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Засега не се соопштуваат дополнителни детали, ниту дали некое лице е приведено.

CATEGORIES
Share This