ДРАМА НА 10.000 МЕТРИ Патник сакал да излезе од авионот среде лет, другите патници го врзувале (ВИДЕО)

Авионот на „Американ ерлајнс“ бил пренасочен кон Феникс, откако мажот се упатил кон предниот дел од кабината и одбил да ги почитува наредбите на екипажот.

ДРАМА НА 10.000 МЕТРИ Патник сакал да излезе од авионот среде лет, другите патници го врзувале (ВИДЕО)
Фото: Принтскрин

Вистинска драма се случувала во патнички авион на „Американ ерлајнс“, откако еден од патниците се обидел да стигне до излезот и да го напушти авионот додека тој сè уште бил во воздух. Инцидентот се случил на летот 1494, кој сообраќал на релација Сан Диего – Чикаго. Мажот ненадејно го напуштил своето седиште и се упатил кон предниот дел од кабината, игнорирајќи ги наредбите на членовите на екипажот да се врати на своето место.

Ситуацијата брзо ескалирала, а стјуардесите, заедно со другите патници, се обиделе да го совладаат и да го спречат да стигне до излезот. По драматичната интервенција, патникот бил врзан, додека екипажот одлучил да побара итно пренасочување на летот.

Авионот принудно слетал на меѓународниот аеродром во Феникс, каде што мажот бил изнесен од леталото и пренесен во болница. Според достапните информации, тој се здобил со полесни повреди. Иако по инцидентот не бил уапсен, случајот бил пријавен кај Федералното истражно биро на САД (ФБИ).

CATEGORIES
Share This