ДОЖДОТ ЌЕ ЈА ЗАФАТИ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА Во западните делови се очекуваат над 30 литри на квадрат
УХМР најавува повремени врнежи од дожд во текот на денот, особено обилни во западните делови од земјата. Во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд и слаб до умерен ветер од јужен правец.

Фото: Национал
Денеска времето во Македонија ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови од земјата, каде се очекува да наврнат над 30 литри на квадратен метар.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Утринските и дневните температури ќе се движат во интервал од -1 до 11 степени.
Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
CATEGORIES Македонија

