ДОГОВОРЕНО Во ПСЖ доаѓа шпанската ѕвезда за 55 милиони евра

ПСЖ и Барселона постигнаа договор за трансферот на 26-годишниот шпански репрезентативец.

ДОГОВОРЕНО Во ПСЖ доаѓа шпанската ѕвезда за 55 милиони евра
Фото: Принтскрин

Пари Сен Жермен и Барселона постигнале начелен договор за трансферот на Феран Торес, објавуваат француските медиуми.

Според информациите, 26-годишниот шпански репрезентативец ќе се пресели во Париз за 55 милиони евра, сума во која се вклучени и бонуси. Останува клубовите да ги усогласат последните детали, по што Торес треба да ги мине лекарските прегледи и да го потпише договорот.

Торес во Барселона помина пет сезони, а минатата сезона забележа 16 гола на 33 натпревари во Ла Лига. Тој воедно беше стрелец на победничкиот гол за Шпанија во финалето на Светското првенство против Аргентина.

На „Паркот на принцовите“ Торес би требало да го наследи Гонзало Рамош, кој замина во Милан. ПСЖ остана и без Рандал Коло Муани и Канг-ин Ли, па пристигнувањето на шпанскиот напаѓач треба дополнително да ја засили офанзивата на тимот предводен од Луис Енрике.

ПОСТИГНА ГОЛ ЗА СВЕТСКА ТИТУЛА, А СЕГА СИ ОДИ ОД БАРСА Торес сака во ПСЖ

CATEGORIES
Share This