ДОГОВОР ЗА ХОРМУС, НО ИРАН ПОРАЧУВА Не значи дека теснецот е отворен

Техеран и Оман ја финализирале мапата на бродските правци, но целосното враќање на комерцијалниот сообраќај зависи од исполнувањето на условите поставени кон САД.

ДОГОВОР ЗА ХОРМУС, НО ИРАН ПОРАЧУВА Не значи дека теснецот е отворен
Фото: Принтскрин

Иран и Оман постигнале технички договор за утврдување на бродските правци низ стратешкиот Хормуски теснец, по повеќенеделни преговори, соопшти портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи.

Според него, техничките тимови на двете земји ја финализирале мапата на бродските правци, по три месеци преговори и интензивни консултации. Багаеи нагласи дека договорот е резултат на координација меѓу иранските дипломатски, одбранбени и безбедносни институции.

„И покрај опструкциите од САД, разговорите бележат позитивен напредок и постигнат е договор за мапата на бродските правци“, изјави Багаеи.

Тој додава дека разговорите ќе продолжат за да се решат преостанатите прашања.

Техеран, сепак, предупредува дека означувањето на пловните патишта не значи автоматско целосно отворање на Хормускиот теснец за комерцијалниот сообраќај. За целосно враќање на нормалната пловидба, според Иран, потребно е исполнување на дополнителни услови.

Багаеи наведе дека Техеран бара прекин на американските воени закани и поморската блокада, како и компензација за, како што тврди Иран, прекршувањето на обврските од страна на Вашингтон во изминатите два месеца.

Иран и Оман во моментов работат на усогласување на официјалното соопштение за договорот, додека техничките тимови ќе продолжат со финализирање на процедурите.

Според Багаеи, договорот го почитува суверенитетот на Иран и Оман и воспоставува протоколи за регулирање на поморскиот сообраќај низ теснецот.

Разговорите се водат во рамките на посебен меморандум за разбирање меѓу Иран и САД, според кој Техеран и Мускат добиле задача да подготват нова рамка за безбедна навигација низ Ормускиот теснец.

CATEGORIES
TAGS
Share This