ДОАЃА СИЛЕН БРАН ВРНЕЖИ – Над 30 литри дожд по квадратен метар

На повисоките места дождот ќе преминува во снег, додека планините ќе се обелат

ДОАЃА СИЛЕН БРАН ВРНЕЖИ – Над 30 литри дожд по квадратен метар
Фото: Национал

Денеска (02.04) времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m²), на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег и температура во интервал од 1 до 11 степени – ингормираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

CATEGORIES
Share This