ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија

Политички преглед на денот, сабота 30 мај 2026 година.

ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија
Фото: Национал

Политички преглед на денот, сабота 30 мај 2026 година. Што објавија ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија?

ВМРО-ДПМНЕ: Без гаранции нема уставни измени, последните измени беа на Филипче и Заев кои завршија со промена на уставното име и вето од Бугарија, Холандија и Франција

Промени на уставот за внесување на Бугарите, без гаранции од ЕУ во форма на заклучоци нема да има. Сите се сеќаваме дека последните измени на уставот за промена на уставното име, ги направија Филипче и Заев, откако претходно беа убедувани дека тоа е последниот чекор на Македонија и утре дента ние влегуваме во ЕУ.

Да ја потсетиме јавноста дека СДС и ДУИ тогаш промовираа уставни измени за промена на името, за кои уверуваа дека следуваат бесплатно здравство, бесплатни вакцини, стипендии, но наместо отворање на поглавјата и преговори со ЕУ, ние добивме слика од владин авион.

Лековерноста на политичарите како Венко Филипче и Зоран Заев доведе да го промениме државното име и наместо влез во ЕУ, да добиеме вето од Холандија, Франција, а подоцна и од самата Бугарија. Вчера Зоран Заев, денес Венко Филипче, ги лажат граѓаните дека Бугарите во Устав се рецептот за чекор кон ЕУ, односно за влез кон ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи волјата на граѓаните повторно да биде прегазена исто како во времето на СДС. Уставни измени без гаранции нема да има.

СДСМ: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

Со месеци СДСМ предупредува дека Никола Груевски поседува државјанства и пасоши од други држави, меѓу кои и унгарски. Мицкоски го знаел тоа цело време и свесно ги лажел граѓаните. Како и за се друго, како што лажеше за враќање на името, за поништување на Преспанскиот договор, како што лажеше дека е загрозен македонскиот идентитет. Така и за Груевски. Затоа Мицкоски изјавуваше дека Груевски ќе биде уапсен и затоа до денеска нема испратено документи за негова екстрадиција во Македонија.

Се е јасно. Помина повеќе од еден месец откако беше најавено дека во Министерството за правда се подготвуваат документите за екстрадиција. Граѓаните слушаа најави дека документите се подготвуваат, дека патуваат, дека постапката за ново барање е во тек. И што се случи – документите никогаш не беа испратени.

Вчера Министерството за правда соопшти дека постапката за екстрадиција продолжува и покрај информациите за унгарско државјанство. Но и ова е лажна изјава за создавање привид дека нешто се работи. Да сакаа Мицкоски и Филков досега барањето за ексрадиција ќе беше испратено, веднаш по најавите на новиот унгарски премиер, Петер Маџар, уште пред еден месец дека Унгарија нема повеќе да биде заштитник на криминалци . Вистината е многу едноставна – Мицкоски и Филков не сакаат Груевски да биде екстрадиран, затоа го штитат.

Мицкоски не го сака враќањето на Груевски затоа што тоа директно би ја загрозило неговата позиција во ВМРО-ОКГ. Ги тргна сите потпретседатели од партијата а од општинските комитети направи личен фан-клуб, поради страв од враќањето на неговиот ментор. Филков по секоја цена сака да ја зачува фотелјата, иако веќе се шпекулира дека ќе биде сменет. СДСМ бара веднаш да бидат испратени документите и да биде побара екстрадиција на Груевски.

Македонија мора да ги активира сите дипломатски канали, ако треба да побара и меѓународна правна помош, да се искористат сите механизми за Груевски да биде изнесен пред лицето на правдата. Доста лажете. Доста криминалци штитат криминалци. Испратете ги документите веднаш!

ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА: План за враќање за Груевски

Подолг период јавноста е преокупирана со случајот на поранешниот премиер Никола Груевски, при што СДСМ постојано инсистира на негова екстрадиција, додека од власта се истакнува дека, доколку Груевски се појави во Македонија, ќе се постапува согласно судските пресуди.

Во меѓувреме, по политичките промени во Унгарија, се појавија информации дека Груевски поседува и унгарско државјанство, што дополнително ја комплицира можната постапка за негова екстрадиција.

Партијата Единствена Македонија предлага поактивен пристап и упатува сугестија до ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да се разгледа модел според примерот на Артан Груби, односно да се овозможи враќање со гаранции за куќен притвор и повторно судење во поширок јавен контекст, со поголемо присуство на медиумите и јавноста како сведок за да се види целата оваа контроверзност која трае со години.

Според партијата, ваквиот пристап би можел да биде прифатлив и за Груевски, особено имајќи предвид дека постапките како случаите „Мерцедес“ и „Шамари“ често се перцепираат како контроверзни во јавноста.

Од друга страна, дел од јавноста би истакнал дека ваквите прашања се исклучиво во надлежност на правосудните органи. Сепак, постои валидна правна основа за такво нешто и политиката тука би била само во смила на своевидна логистика и овозможување на одреден маневарски простор. Се разбира, за сето тоа е потребна претходна усогласенсот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ до кое би требало да додје доколку сакаат завршница на случајот Гуревски прифатлив за сите.

ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија

CATEGORIES
TAGS
Share This