ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА Делови од Гази Баба и Чаир

ЕВН најави прекини поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа.

ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА Делови од Гази Баба и Чаир
Фото: Национл

Поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел, Гази Баба и Чаир, информираат од ЕВН Македонија.

Во Општина Гази Баба, без електрична енергија од 9:00 до 13:00 часот ќе бидат корисниците на улицата „840“, дел од улицата „Благоја Стефановски“ и улицата „1“.

Во Општина Чаир, прекин е најавен од 10:10 до 12:10 часот на улиците „Вуковарска“ и „Струмичка“.

Од ЕВН апелираат граѓаните да ги имаат предвид најавените прекини и навреме да ги организираат своите активности.

CATEGORIES
Share This