ДЕН НА ТРУДОТ – Протест со жестоки пораки до Владата

Протестниот марш започна од Работничкиот дом и продолжува кон клучните институции.

ДЕН НА ТРУДОТ – Протест со жестоки пораки до Владата
Фото: Национал

Денеска, по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај, симбол на борбата за работнички права, достоинствени услови и фер плати,  Сојузот на синдикати на Македонија организира протестен марш во Скопје.

Протестот започна во 11 часот пред Работничкиот дом, од каде учесниците се упатија кон Собранието, Стопанската комора и Владата, испраќајќи јасна порака дека незадоволството кај работниците расте и дека трпението има своја граница.

Во центарот на барањата е зголемување на минималната плата на 600 евра,  износ што синдикатот го смета за неопходен за обезбедување достоинствен живот.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, порача дека моментот за борба е сега, нагласувајќи:

Кој ќе се бори ако не ние, кога ако не сега?“

На протестот присуствуваат бројни работници, синдикалци и граѓани, кои бараат повисоки плати, подобри услови за работа и поголема заштита на работничките права. Маршот ќе заврши пред Владата, каде демонстрантите ќе ги упатат своите пораки до институциите.

Низ толпата се забележуваат транспаренти со силни и директни пораки, меѓу кои:

„За плата се бориме, не се молиме“, „Работниците го хранат капитализмот и тие ќе го срушат“, „Долу капиталот, ослободување на трудот“ и „Власта – слуга на капиталот“.

CATEGORIES
Share This