ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ ДЕЕНСКА БЕЗ СТРУЈА Проверете дали вашата улица е на списокот
ЕВН Македонија информира дека поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, денеска неколку улици во Драчево и Влае ќе останат без електрична енергија во период од 05:00 до 13:00 часот, односно од 09:00 до 13:00 часот.

Фото: Принтскрин
Според информациите од ЕВН Македонија АД, поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Кисела Вода и Карпош.
Од 05:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат улицата Герника бр. 8 и бр. 10 во населбата Драчево и улицата Иван Хаџиниколов бр. 3 и бр. 5 во Драчево (општина Кисела Вода).
Од 09:00 до 13:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има на улицата Вангел Дину и дел од непарните броеви на улицата Франц Прешерн во населбата Влае (општина Карпош).
ЕВН апелира граѓаните навреме да ги планираат своите активности, а електричната енергија ќе биде повторно воспоставена веднаш по завршувањето на планираните интервенции на мрежата.
CATEGORIES Македонија


