ДАЛИ ОВА Е ПРАВИЛНО Венс призна дека самиот се прашува дали нападот врз Иран е морален
Венс ја отвора дилемата за моралната оправданост на американските воени акции.

Потпретседателот наСАД, Џеј Ди Венс, изјави дека постојано ја преиспитува оправданоста на американските напади врз Иран, нагласувајќи дека како политички лидер чувствува обврска да ги оценува и моралните последици од употребата на сила.
„Се прашувам: Дали е ова оправдано, дали е морално и дали е правилно?“, изјави Венс.
Тој повикувајќи се на христијанската теорија за „праведна војна“, која, според него, бара од лидерите внимателно да ги мерат последиците од секоја воена акција.
Венс оцени дека ваквите дилеми не се знак на слабост, туку неопходна одговорност на носителите на власт, кои мора да имаат јасни морални ограничувања кога одлучуваат за воени интервенции.
Осврнувајќи се на разговорите меѓу САД и Иран, Венс изрази надеж дека Иран ќе прифати договор со кој ќе се обврзе да не развива нуклеарно оружје. Според него, најголем предизвик во преговорите остануваат механизмите за контрола и верификација, кои треба да ѝ гарантираат на американската страна дека договорот ќе се почитува.
Венс претходно изјави дека е постигнат напредок во преговорите со Техеран, но предупреди дека САД и натаму ја задржуваат можноста за продолжување на воената кампања доколку не се постигне конечен договор.
