ДАЛИ ОБВИНИТЕЛСКАТА ПРАВДА Е ЗАДОВОЛЕНА – Прекината постапката против Мустафа Хајрулахи, Цветановски се враќа веднаш на работа

Советот на јавните обвинители враќа предмет на повторно разгледување со конкретни насоки.

ДАЛИ ОБВИНИТЕЛСКАТА ПРАВДА Е ЗАДОВОЛЕНА – Прекината постапката против Мустафа Хајрулахи, Цветановски се враќа веднаш на работа
Фото: Национал

Советот на јавните обвинители на Северна Македонија одлучи да ја укине суспензијата на обвинителот Јован Цветановски и да го врати неговиот предмет на повторно разгледување, поради утврдени пропусти во одлуката на Првостепената комисија.

Претседателот на Советот, Башким Бесими, изјави дека при разгледувањето на жалбите било констатирано дека постапката содржи недостатоци.

„Како Совет не можеме да ги исправиме тие пропусти, па предметот го враќаме назад со конкретни насоки, по што Комисијата ќе донесе нова одлука“, рече Бесими.

Тој додава дека со укинувањето на суспензијата, Цветановски се враќа на работа.

Цветановски беше јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје и стана познат по предметот поврзан со бонусите во поранешното Специјално јавно обвинителство.

На истата седница, Советот ја прекина дисциплинската постапка против поранешниот виш јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, откако тој претходно поднел барање за престанок на функцијата.

Хајрулахи беше суспендиран по обвинение од Основното јавно обвинителство Штип за повеќе кривични дела, меѓу кои малтретирање во вршење на службата и злоупотреба на службена положба, обвиненија што тој ги отфрли како политички мотивирани.

Советот, исто така, донесе одлуки за распишување огласи за избор на јавни обвинители во повеќе обвинителства во државата.

CATEGORIES
TAGS
Share This