Дали индивидуалниот јавнообвинителски не/професионален не/интегритет, нестручност и отсуство на одговорност ги поткопува темелите на Јавното обвинителство во Република Македонија

На потег е и новиот републички јавен обвинител Ненад Савески, од кого очекувам да формира комисија која ќе изврши вонреден надзор над работењето на обвинителите кои постапувале во овие случаи и да се утврди дали има нивна одговорност.

Дали индивидуалниот јавнообвинителски не/професионален не/интегритет, нестручност и отсуство на одговорност ги поткопува темелите на Јавното обвинителство во Република Македонија
Фото: Национал

Колумна, Национал
Ѓорѓи Илиевски, виш просветен инспектор во пензија
Недела, 19 јули 2026 година

Во последниве 6-7 години сум пишувал повеќе пати преку мои колумни и други анализи за јавното обвинителство во Република Македонија. Но, никогаш не е на доцна да се напише повторно во духот на познатата мисла: повторувањето е мајка на знаењето или Repetitio mater studiorum est.

Всушност, за кои процеси потребно е да ја освежиме нашата меморија?

Што покажува теоријата?

Теоретски согледано, јавното  обвинителство  како  самостоен државен орган  ги гони сторителите на кривичните дела и на други со закон утврдени казниви дела по службена должност и врши други работи утврдени со закон. Своите активности јавното обвинителство треба да ги врши врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност на Уставот.

Оттука, јавното обвинителство,  својата работа потребно е да ја врши законито, непристрасно и објективно и да  ги почитува и заштитува слободите и правата на човекот и граѓанинот и правата на другите правни субјекти… да ја врши функцијата независно од полот, расата, бојата на кожата, националност и социјално потекло, политичко и верско уверување и слично.

Во овие рамки Советот на јавни обвинители како  самостоен орган  ја обезбедува и гарантира самостојноста на јавните обвинители во извршување на нивната функција. Се забранува политичко организирање и дејствување на Советот. Членовите на Советот не смеат да остваруваат партиска активност!!??

Што покажува практиката низ призмата на конкретни примери?

Практиката за третата власт покажува дека во одредени случаи и различни временски периоди забележани се индикации за делување и работење спротивно на законот. Да се сомневаш значи дека постоиш!  Општа е перцепцијата  кај јавноста дека судството  и  Јавното обвинителство во Република Македонија е корумпирано-криминално, зависно од политичките партии на власт, односно потпаѓа под влијние на извршната власт. Има селективност и нема правна сигурност и дискриминација на донесени одлуки. Ќе се согласите дека ова не е  европска судска и обвинителска пракса.

Би навел (краток историјат) конкретни примери: Од моја страна е побарана информација до Основното јавно обвинителство Тетово, до каде е истражната постапка по предметот 1395/19 од 04.07.2019 година, кој се однесува на постоење основано сомневање дека се злоупотребени парични средства од страна на носители на јавни функционери именувани од Владата. Имено, станува збор за поранешните: министерот за образование и наука Арбер Адеми, заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на индустриска сопственост Сафет Емрули, сите од Универзитетот Тетово – Правен факултет, кои во периодот од нивното стапување на функција, до сега имаат користено средства по основ склучување договори за давање интелектуални услуги на Универзитетот Tетово на Правниот факултет,  преку Македонската авторска агенција А.Д. Скопје, (овие дејствија беа во спротивност со Законот за високо образование и Законот за Влада).

За ова, од страна на Управата на финасиска полиција сум известен дека споменативе јавни функционери незаконски добиените  парични средства ги зеле, но отпосле, по откривањето на скандалот, ги вратиле на Универзитетот Тетово. Со тоа си го признале образовниот криминал. Од страна на ОЈО-Тетово, ме известуваат дека е оформен предмет КО.бр.516/19 и по истиот предмет се постапува.

Имено на 01.10.2019 година, од страна на Управата за финансиска полиција до ОЈО Тетово е доставен посебен извештај бр.17-2115/9 од 27.09.2019 година, постапката по однос на  предметот е во фаза на предистрага и се преземаат мерки и сите дејствија по однос на предметот, истовремено се чека преставник од Универзитетот Тетово да биде сослушан во својство на сведок во ОЈО Тетово…а за тоа време согласно законот за кривична постапка благовремено ќе бидам известен за донесената одлука. Поминаа  повеќе месеци немаше никаков одговор од Јавниот обвинител Басир Алиу. Може само да се претпостави што се чека, кога согласно законот за кривична постапка е јасно и чисто. Сите индиции укажуваат дека има големи притисоци од некои јавни обвинители од Вишото јавно обвинителство, како и од политичката партија ДУИ која тогаш беше на власт. Одговор очекував и од Советот на јавни обвинители. Писмениот одговорот добиен од Советот на јавни обвинители е јасен: Кривичната пријава се отфрла  и нема никаква правна постапка против јавниот обвинител Басир Алиу од ЈО-Тетово, како и  против  член на Советот на јавни обвинители Арбер Исаку. Скандал!

Втор пример, од моја страна е доставена Кривична пријава КО3788/19 од 28.11.2019 година до Основното јавно обвинителство Скопје, против правното лице Државниот просветен инспекторат и одговорнто лице Томе Спироски директор на ДПИ, за сторено кривично дело: Повреда од правата од работен однос согласно член 166 став 1 од Кривичниот законик. Очекував јавниот обвинител да постапи согласно законската постапка. Добивам одговор по Кривичната пријава од Основното јавно обвинителство Скопје, по неколку години, дека истата е застарена, поминати се сите рокови. Коментар не е потребен, Одговорот е ДНО-ДНА!.

Како работи Основното јавно обвинителство – Битола

Трет пример, на 03.06.2022 година, преку ОЈО Скопје, поднесов кривина пријава: Основното јавно обвинителство-Скопје-РО 249/22, Државната комисија за спречување на корупција-12-5560/1 и Управата за финансиска полиција – 1589/1, а во врска злоупотреба на парични средства од   Фондот за  функционирање и развој на Универзитетот „Свети Климент Охридски“-Битола (УКЛО), каде што наместо за развој на универзитетот, и студентите финансиските средства завршувале на лични сметки на ректор, проректори, генерален секретар на универзитетот и декани. Од горенаведените институции нема ни глас ни одговор. Од страна на Основното јавно обвинителство од Скопје бев известен дека кривичната пријава е примена на 03.06. 2022 година, и веднаш е постапено, па јавниот обвинител од Скопје ја препратил на надлежно  постапување до Основното јавно обвинителство Битола. Како што сум известен целиот предмет е  во Основното јавно обвинителство во Битола. Зошто Основното јавно обвинителство Битола го премолчува предметот, може да се претпостави, а за сето ова беше запознат  и претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолески кој истиот доаѓа од Основното јавно обвинителство од Битола кој избегнува да одговори.Зошто?!

Почитувани обвинители, за ваше запознавање

Поднесените пријави  до горенаведените институции од моја страна е сомнеж за криминал и корупција, а тие надлежни институции треба да испитаат дали има злоупотреба на пари од формираниот Фонд за функционирање и развој  на универзитетот „Свети Климент Охридски“-Битола. Па така, од тој фамозен Фонд за функционирање и развој на универзитетот, поранешниот ректор Сашо Коруноски за неколку години му се исплатени 1.997.595 денари или над 30 илјади евра. На поранешниот проректор, а сега  ректор Игор Неделковски од овој Фонд  му се исплатени 525.953 денари или  нешто над 8.500 евра. Ако се отвори алатката „Отворени финансии“ ќе се види дека Неделковски под ставката патување во земјата-хранарина (дневници) исплатени му биле и по  10 илјади денари. По околу 9.500 денари му биле исплаќани и под ставката други договорни услуги. Средствата му биле исплаќани од 2017 година (кога ректор бил Сашо Коруноски). На сметката на проректорот Љупче Кочоски (сега починат) му биле исплаќани 585.875 денари или  9.500 евра, а на сметката на проректорот( сега вработен на Филозовскиот факултет при УКИМ-Скопје) Марјан Ѓуровски  му биле исплатени 690 илјади денари или околу 11 илјади евра. Пари им биле исплаќани и на генералната секретарка Офелија Христовска во износ 226.496 илјади денари, потоа на деканот на Факултетот за туризам и угостителство Охрид,  а сега проректор на овој универзитет Цветко Андреевски исплатени му се  158.800 денари, на деканот на Технолошко-техничкиот факултет Велес-Татјана Калевска исплатени 164.800 денари…

Од проверките што ги направив во Отворени финансии, речиси на сите членови на ректорската управа биле исплаќани од овој Фонд и тоа за исти ставки.

Што работаат институциите­­?

Кога лично се обратив до ДКСК и до Управата за финансиската полиција во Скопје, за тоа до каде се постапките од поднесените пријави, а тие одговорија:„ чекаме да добиеме на писмен одговор од Основното јавно обвинителство-Битола и ќе ви одговориме“?. Значи чекаат одговор и овие институции од Основното јавно обвинителство-Битола? Чудно, а вистинито! Чекам повеќе од 3 години, до ден денес нема никаков одговор! Исто така се обратив, до Основното јавно обвиниелство  во Битола, до каде е постапката, само ми рекоа дека: „го бараат поднесокот и кога ќе го најдат и ќе постапуваат“. Што ќе рече народот: „Го изеле глувците“.  Зарем е можно ова, кога ќе го најдат ќе постапуваат. Трагикомично, како ни работи обвиниелството во жална Македонија!. Но и покрај се’ не остапувам одам до крај. Останува да ги известам и  меѓународни институции!. И ги известив сите амбасади во Македонија.

Ништо подобро не е и  во Основното јавно обвинителство- Охрид, кој на 04.06.2024 година, преку ОЈО-Скопје, поднесов две кривични пријави против актуелниот и поранешниот ректор на Универзитетот „Апостол Павле“-Охрид, за сомнеж за сторени кривични дела: злоупотреба на службена должност, организиран криминал и несовесно работење. Известен сум  од Јавните обвинители   Елвни Вели и Исмаил Дарлишта, дека  истата пријава со допис  од 27.06.2024 година е пратена на надлежно постапување пред Основното јавно обвинителство Охрид, и дека биле известени дека по конкретниот предмет се превземаат дејствија и дека ќе бидам известен. Чудно! Не ми кажаа која година ќе добијам известување? По предметот добив известување од ОЈО-Охрид РО.бр.489/2024 од 25.03.2025г, потпишан Основен јавен обвинител Никола Довлев….и нормално се отфрла кривичната пријава.Срам!

Од истото Основно јавно обвинтелство-Охрид, ме известуваат дека е поднесена кривична пријава на 23.07.2025 г. со допис преку ЈОРСМ Ро.бр.200/24 од 24.08.2025г. пред Основно јавно обвинтелство-Охрид е оформен предмет КО.бр.661/25,против И.Б. ректор на УИНТ-Охрид за кривино дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 ст.1 од КЗ. Одговорот е јасен од страна на Јавен обвинител Викторија Коваческа Мандулоска, нема елементи…за гонење. Ова е гнилеж што се случува во ЈО-Охрид. За овој предмет имам јавно обраќање до Јавниот обвинител на Република Македонија, Ненад Савески (портал Национал.мк на 25.јуни 2026)

Останува надеж и светлина за законска правичност

Но, сепак, останува надеж и светлина по добиеното сознание дека на 15.јули 2026 година за нов Основен јавен обвинител(ОЈО) во Охрид доаѓа Стојанчо Арнаудоски избран на седница на Советот на јавно обвинителство на Република Македонија, на местото на досегашниот Основен јавен обвинител Никола Довлев.

Избраниот нов Основен јавен обвинител Стојанчо Арнаудоски, треба да  изврши ревизија за сите постапки кои се наведени во обвинителните акти и да дојде до израз Уставот, законските обврски, а не ПОЛИТИКАТА!

На потег сте јавен обвинителе Стојанчо Арнаудоски!

На потег е и новиот републички јавен обвинител Ненад Савески, од кого очекувам да формира комисија која ќе изврши вонреден надзор над работењето на обвинителите кои постапувале во овие случаи и да се утврди дали има нивна одговорност.

Почитувани, во ова мое обраќање, како и до сите изминати, пости само една тенденција – потрага за правда и правичност! Не постои никаква тенденциозност за злонамерно да нападнам некого без основа. Мојата визија е да се создаде систем во кој ние како граѓани ќе веруваме дека одговорноста е за да се јакне демократијата од оние кои од лукративни или други побуди постапуваат во своето работење, а се платени од буџетот, односно од народот. Кај мене не постои никаква тенденциозност, туку почит кон сите, дури и кон оние за кои пишувам. За оние кои не ја знаат мојата човечност и не ме познаваат логично е да ме обвинуваат за тенденциозност. Можеби некому не му се допаѓа, но и тој има право да ме критукува. Јас тоа посебно го ценам. Тоа е демократија!

Можеби ќе се зачудите за суштината на овој крај. Да, мои читатели, од една моја почитувана пријателка, професорка  бев информиран дека во некои кругови некои демократи ме обвинувале дека сум тенденциозен. Затоа и ним им се обраќам, за да читаат подобро и да ја сфатат смислата на мојата логика и мисија.

ПОВТОРУВАЊЕТО Е МАЈКА НА ЗНАЕЊЕТО ( REPETITIO MATER STUDIORUM EST)!

CATEGORIES
Share This