ПРОДОЛЖУВА ПОТРАГАТА ПО ИСЧЕЗНАТОТО ДЕВОЈЧЕ ВО ВАРДАР – Синоќа прекинато поради лошите временски услови

Во акцијата за потрага се вклучени припадници на специјализирани спасувачки тимови, полицијата, како и локалното население.

ПРОДОЛЖУВА ПОТРАГАТА ПО ИСЧЕЗНАТОТО ДЕВОЈЧЕ ВО ВАРДАР – Синоќа прекинато поради лошите временски услови

И утрово продолжува потрагата по исчезнатото 16-годишно девојче кое вчера попладне потонало во реката Вардар во близина на селото Уланци, општина Градско.

Потрагата беше привремено прекината синоќа поради лошите временски услови и недостаток на соодветни услови за пребарување во текот на ноќта. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, дежурниот оперативен центар бил известен дека екипите на терен се повлекле поради ризикот и недостиг на минимум неопходни услови за безбедно пребарување.

Според информациите од СВР Велес, инцидентот бил пријавен во текот на вчерашното попладне, кога било пријавено дека две лица – 16-годишно девојче и 26-годишна жена – потонале во реката Вардар. По доаѓањето на терен, спасувачките екипи ја пронашле 26-годишната жена жива, додека по тинејџерката сè уште се трага.

Во акцијата за потрага се вклучени припадници на специјализирани спасувачки тимови, полицијата, како и локалното население. Се апелира на внимателност и воздржаност од ширење шпекулации, додека траат напорите за пронаоѓање на исчезнатата.

Надлежните институции остануваат на терен, а јавноста ќе биде информирана за сите нови детали поврзани со случајот.

CATEGORIES
TAGS
Share This