ЧЕКАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ На Табановце се чека еден час, гужва и на Богородица
Зголемена фреквенција на патиштата, АМСМ со предупредување до возачите.

Сообраќајот на државните патишта во текот на денот се одвива непречено, по суви коловози. Сепак, зголемен е интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини.
Поради зголемената фреквенција на возила, на граничните премини се регистрираат одредени задржувања.
На ГП Табановце, за влез во земјава, времето на чекање е околу еден час. На ГП Богородица, пак, се чека околу 30 минути и за излез и за влез.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината според условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да бидат особено внимателни при управувањето со возилата.
Дополнително внимание се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони. На ова особено треба да се внимава на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај. Патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк „Галичица“, е отворен за сообраќај за сите видови возила со максимална тежина до 3,5 тони.

