ЧАСОВНИКОТ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ВРТИ НАЗАД Трамп со порака до Сенатот

„Смешното“ поместување двапати годишно мора да престане, смета американскиот претседател, кој бара итно носење на новиот закон.

ЧАСОВНИКОТ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ВРТИ НАЗАД Трамп со порака до Сенатот
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го повика американскиот Сенат што поскоро да гласа за закон со кој би се ставил крај на сезонското поместување на часовникот, односно на преминувањето од летно на зимско сметање на времето и обратно.

„Сенатот треба што е можно поскоро да гласа за законот за укинување на часовниците. Повеќе сончева светлина подоцна во текот на денот е подобро, вклучително и во борбата против криминалот“, порача Трамп во објава на социјалната мрежа „Трут соушл“.

Тој нагласи дека уште поважно е да престане, како што го нарече, „смешното“ поместување на часовниците двапати годишно.

Според Трамп, промената на времето предизвикува непотребни нарушувања и хаос, поради што Сенатот треба без одлагање да го разгледа и усвои предлог-законот.

CATEGORIES
Share This