ЦАСКОНОЈЕ: ДОСТА Е – 30 години Струмица е приватен бизнис, време е за крај на луксузот за малкумина, а беда за мнозинството
Љубовта кон својот град не се мери со партиски книшки, туку со чесна работа и конкретни резултати. Струмица заслужува дела, правда и народна власт

Ристо Цасконоје, кандидат за градоначалник на Струмица од партијата Единствена Македонија, во изјава за „Национал“ јасно порача: граѓаните се уморни од лагите и корупцијата и бараат вистинска промена.
„Три децении Струмица е заробена од една иста структура – луѓе кои ја претворија општината во приватен имот, во центар на криминал и корупција. Струмица заслужува чесни луѓе без дамка во својата биографија, а не функционери кои 30 години живеат на грбот на народот,“ истакна Цасконоје.
Тој нагласува дека неговата програма и ветувања произлегуваат директно од разговорите со граѓаните:
„Јас не ветувам од канцеларија, туку на терен, лице в лице со струмичани. Затоа моите идеи добиваат масовна поддршка. Деновиве ја делиме програмата во 20.000 примероци, за сите да видат што значи вистински план, а не уште едно празно ветување – нагласува тој.“
Со јасна порака додава:
„Струмица мора да престане да биде град на лагите што ги слушаме 30 години. Таа мора да стане град на дела, на проекти, на развој. Доста е со богатење на малкумина и сиромашење на мнозинството. Љубовта кон својот град не се мери со партиски книшки, туку со чесна работа и конкретни резултати. Струмица заслужува дела, правда и народна власт! – потенцира Ристо Цасконоје кандидат за градоначалник на Струмица.
Ристо Цасконоје на гласачкото ливче е под број 12.




