БРИСЕЛ ДЕНЕСКА ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО Лидерите на ЕУ и Западен Балкан на иста маса, што ќе добие регионот

Постепената интеграција, Планот за раст, миграцијата и визната политика ќе бидат меѓу главните теми на средбата. Кошта порача дека приклучувањето на Западен Балкан кон Унијата е геополитички приоритет.

БРИСЕЛ ДЕНЕСКА ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО Лидерите на ЕУ и Западен Балкан на иста маса, што ќе добие регионот
Фото: Принтскрин

Лидерите на Европската Унија и земјите од Западен Балкан денеска се собираат во Брисел на самит посветен на европската интеграција на регионот, регионалната соработка и актуелните безбедносни и миграциски предизвици.

Во фокусот на средбата ќе бидат постепеното приближување кон Европската Унија, спроведувањето на Планот за раст за Западен Балкан, миграцијата, борбата против трговијата со луѓе, како и усогласувањето со визна политика на Унијата.

Домаќини на самитот се претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Се очекува на состанокот да биде потврдена стратешката важност на партнерството меѓу ЕУ и Западен Балкан, како и потребата од зајакнување на регионалната соработка, добрососедските односи и процесите на помирување.

Пред самитот, Кошта порача дека иднината на Западен Балкан е во Европската Унија, нагласувајќи дека интеграцијата на регионот претставува приоритет и заедничка амбиција на европските партнери.

Според него, проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан не е само политичка цел, туку и значајна геополитичка инвестиција.

Самитот се одржува во период кога европската интеграција останува едно од клучните прашања за земјите од регионот, кои се соочуваат со различни предизвици и динамика во пристапниот процес.

CATEGORIES
Share This