БОМБА ОД МОСКВА Путин и Трамп можат да се сретнат во секој момент

Тој нагласи дека средбата може да се организира како однапред подготвен самит со детални документи, но не ја исклучи и можноста за непосреден, неформален состанок меѓу двајцата лидери.

БОМБА ОД МОСКВА Путин и Трамп можат да се сретнат во секој момент
Фото: Принтскрин

Средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиОТ претседател Доналд Трамп би можела да се случи „во секој момент“, изјави денеска Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател.

„Може да се одржи средба, но тешко е да се каже каде и кога. Сè зависи од одлуката на лидерите“, изјави Ушаков за РИА Новости.

Тој нагласи дека средбата може да се организира како однапред подготвен самит со детални документи, но не ја исклучи и можноста за непосреден, неформален состанок меѓу двајцата лидери.

„Можно е претседателите да одлучат: ‘Ајде веднаш да се сретнеме и да разговараме директно, па потоа ќе им дадеме насоки на нашите тимови’. И таа опција е на маса“, додаде тој.

Ушаков смета дека би било пожелно претходно да се подготват документи за потенцијалната средба, со цел таа да биде поефикасна и да резултира со конкретни договори.

Според Ушаков, разговорите за организирање средба се актуелни, но засега не се преминати во практична фаза. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предложил Истанбул како домаќин, но за реализација е потребен заеднички договор меѓу сите страни – Турција, Русија и САД.

Дополнително, Ушаков посочи дека претстојната прослава по повод 80-годишнината од основањето на Обединетите нации во октомври, која ќе се одржи во Њујорк, може да биде соодветна прилика за ваква средба. Доколку се постигне договор, тогаш и посетата на Путин на САД би била можно сценарио.

„Ако се договорат, средбата може да се одржи и на друго место – не мора да биде Њујорк“, рече Ушаков.

Ушаков изјави дека моменталниот тон во комуникацијата меѓу Русија и САД е „пријателски и конструктивен“, што дава надеж за напредок во билатералните односи.

„Иако сè уште нема радикални промени, разговорите се одвиваат нормално и во партнерски дух“, заклучи тој, осврнувајќи се и на минатите телефонски разговори со поранешниот американски претседател Џо Бајден.

Работата на двете страни за надминување на спорните прашања, според него, ќе продолжи и понатаму.

CATEGORIES
TAGS
Share This