БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ – Политичари со честитки за празникот
Празникот потсетува на духовно прочистување и заедништво

Фото: Принтскрин
Државниот врв и политичарите денес им го честитаа празникот Богојавление – Водици на православните верници.
Честитки упатија претседателката Гордана Силјановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието Африм Гаши, министри од Владата и лидерите на СДСМ и Единствена Македонија Венко Филипче и Јанко Бачев.
Во честитките порачаа дека Водици е празник на заедништво и надеж да ни донесе духовна сила, трпение и мудрост и да останеме верни на вредностите што нè држат исправени и обединети а државата да ја градиме со чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро.
CATEGORIES Македонија

