BLACK FRIDAY Е ЗА КУПУВАЊЕ, GIVING FRIDAY Е ЗА ДАРУВАЊЕ dm донира пет отсто од вкупниот промет на 27 ноември

Под мотото „Giving is the new black“, dm потсетува дека вистинската вредност на еден ден не мора да се мери само преку она што сме го купиле, туку и преку она што сме придонеле за другите.

BLACK FRIDAY Е ЗА КУПУВАЊЕ, GIVING FRIDAY Е ЗА ДАРУВАЊЕ dm донира пет отсто од вкупниот промет на 27 ноември
Фото: дм

Осма година по ред, dm drogerie markt ја организира хуманитарната иницијатива Giving Friday, а средствата од донацијата ќе бидат наменети за набавка на пакети со храна за социјално загрозени сограѓани преку хуманитарната организација „Св. Спас“.

Додека Black Friday традиционално го привлекува вниманието со попусти, специјални понуди и потрага по пониски цени, dm drogerie markt и оваа година избира поинаков начин да го одбележи овој ден. На 27 ноември, компанијата ќе одвои 5% од вкупниот дневен промет остварен во сите dm продавници во земјата, а средствата ќе бидат донирани на хуманитарната организација „Св. Спас“, за обезбедување пакети со основни прехранбени производи за социјално загрозени сограѓани. Преку иницијативата Giving Friday, купувањето добива дополнително значење, а вниманието од потрошувачките навики се насочува кон солидарноста и поддршката на оние на кои им е најпотребна.

За разлика од вообичаениот концепт на Black Friday, кога во фокусот се заштедите при купување, Giving Friday ја става во преден план вредноста на дарувањето. Купувачите не треба да преземат дополнителни чекори за да бидат дел од иницијативата – доволно е на 27 ноември да ги купат своите омилени производи во dm. Од вкупниот остварен промет тој ден, компанијата ќе го издвои предвидениот дел за донација во висина од 5%.

Оваа година, Giving Friday се одржува по осми пат, продолжувајќи ја традицијата што dm ја започна во 2019 година. Во текот на изминатите години, иницијативата стана дел од општествено одговорните активности на компанијата, поврзувајќи го периодот на засилено купување со можноста за поддршка на заедницата.

Под мотото „Giving is the new black“, dm потсетува дека вистинската вредност на еден ден не мора да се мери само преку она што сме го купиле, туку и преку она што сме придонеле за другите. Токму затоа, додека Black Friday го става акцентот на зголемената купопродажба, Giving Friday нуди можност таа да биде поврзана со конкретна хуманитарна цел.

На 27 ноември, посетете ја најблиската dm продавница и станете дел од Giving Friday! Со секое купување на овој ден придонесувате кон вкупниот промет од кој dm ќе одвои 5% за обезбедување пакети со храна за социјално загрозените сограѓани преку хуманитарната организација „Св. Спас“.

CATEGORIES
Share This