РАКОМЕТЕН ПРАЗНИК ВО БИТОЛА Билетите за натпреварот Македонија-Полска се речиси целосно распродадени

Македонската женска ракометна репрезентација утре од 19:00 часот ќе го одигра реваншот од баражот против селекцијата на Полска.
На првиот дуел кој се одигра на полски терен, нашите ракометарки успеаја од негатива од десет гола да се вратат и на крајот да загубат со само четири разлика – резултат што остава надеж за пласман понатаму. Селекцијата предводена од Кристијан Грчевски верува дека на домашен терен ќе може да ја надомести негативата.
Натпреварот ќе се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, каде поддршката нема да изостане. Билетите за натпреварот се речиси целосно распродадени – пополнети се веќе 80% од местата, што ветува одлична атмосфера и голема поддршка од трибините.
CATEGORIES Ракомет


