БЕЗБЕДЕН ГРАД НЕ ЗАПИРА Над 310 илјади прекршоци, странците „собраа“ повеќе од 180 илјади
МВР открива огромни бројки од системот за само шест месеци – над 301 илјада возачи биле фатени со преголема брзина, а за само еден ден се евидентирани уште 5.514 прекршоци со странски таблички.

Системот „Безбеден град“ од почетокот на неговото функционирање има регистрирано 310.865 сообраќајни прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Според податоците за периодот од 2 февруари до 20 август 2026 година, најголемиот дел од прекршоците се однесуваат на возење со брзина над дозволената. Вкупно се евидентирани 301.835 вакви прекршоци.
Особено голем број прекршоци се регистрирани кај возила со странски регистарски ознаки. Од почетокот на функционирањето на системот досега се евидентирани 180.378 прекршоци, додека само во периодот од 19 до 20 август се регистрирани дополнителни 5.514 прекршоци од возила со странски таблички.
Од МВР упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност на патиштата.

