БЕЗ БУГАРИ ВО УСТАВОТ – НЕМА ЕУ Марта Кос со директна порака до Скопје

Еврокомесарката за проширување вели дека Македонија мора да го промени Уставот, повикувајќи се на договорената обврска со земјите-членки на Европската Унија.

БЕЗ БУГАРИ ВО УСТАВОТ – НЕМА ЕУ Марта Кос со директна порака до Скопје
Фото: Принтскрин

Еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека Северна Македонија треба да ги спроведе уставните измени со кои Бугарите ќе бидат внесени во Уставот, што според неа е услов за продолжување на евроинтегративниот процес.

Во интервју за бугарската национална телевизија БНТ, Кос беше прашана како Европската комисија може да влијае врз Скопје да ги спроведе уставните измени.

Таа изрази очекување дека со новата бугарска Влада ќе биде пронајден начин процесот на Северна Македонија кон ЕУ да продолжи.

„Верувам во новата бугарска влада, со која соработувам многу добро. Сите ние заедно ќе најдеме начин да го движиме процесот напред со Северна Македонија“, изјави Кос.

Таа нагласи дека македонската Влада, според преземените обврски, треба да го промени Уставот.

„Владата во Северна Македонија мора да го одржи своето ветување. Тие мора да го променат својот устав, ова е договорено меѓу Северна Македонија и 27-те земји-членки на ЕУ“, порача еврокомесарката.

Кос додаде дека по спроведувањето на уставните измени очекува поддршка и од Бугарија за продолжување на европскиот пат на Северна Македонија.

Интрервјуто на Марта Кос може да го погледнете ТУКА

CATEGORIES
TAGS
Share This