БАРСЕЛОНА ИСПИША ИСТОРИЈА – Никој не направил вакво нешто во Ла Лига

Совршена домашна сезона без ниту еден кикс во Ла Лига.

БАРСЕЛОНА ИСПИША ИСТОРИЈА – Никој не направил вакво нешто во Ла Лига
Фото: Принтскрин

Тимот на Барселона во сезоната 2025-26 нема да остане запаметен само по освојувањето на Ла Лига, туку и по историскиот подвиг во домашното првенство, каде стана првата екипа со максимален учинок на домашен терен.

Со победата над Бетис, во која Рафиња постигна два гола, а Кансело додаде уште еден, каталонскиот клуб го потврди совршениот биланс на домашни натпревари. Домашната сезона ја заврши без ниту еден кикс.

Избраниците на Ханси Флик победија на сите 19 натпревари одиграни пред својата публика, и покрај тоа што во текот на сезоната настапуваа на повеќе различни стадиони. Без разлика на промените на локацијата, „блауграна“ остана непоразена на домашен терен.

Со овој успех, Барселона ја заокружува сезоната со титулата во Ла Лига и трофејот од шпанскиот Суперкуп.

CATEGORIES
Share This