БАЧЕВ ПРЕД МЕСЕЦ ИПОЛ ПРЕДУПРЕДИ ЗА УСТАВОТ, СИЉАНОВСКА СЕГА ПОТВРДИ Но заборави на својата улога во изминатите 35 години

Бачев уште пред месец и половина предупреди дека Уставот станал политички сервис со 36 амандмани, а Сиљановска-Давкова сега го постави истото прашање во Собранието.

БАЧЕВ ПРЕД МЕСЕЦ ИПОЛ ПРЕДУПРЕДИ ЗА УСТАВОТ, СИЉАНОВСКА СЕГА ПОТВРДИ Но заборави на својата улога во изминатите 35 години
Фото: Принтскрин

Македонскиот Устав, да имаше уста да прозбори, ќе се искривеше од болки! Само 36 години му се, а зад себе има дури 36 амандмани. Речиси по една промена за секоја година постоење. Устав или политички сервис, напиша уште пред месеципол професорот и лидер на Единствена Македонија Јанко Бачев.

Од друга страна, на вчерашната собраниска дебата по повод годишнината од донесувањето на Уставот, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова иронично забележа дека Македонија е рекордер по уставни промени, прашувајќи ако Уставот е основен извор на уставноправната наука, ако е лекс супериор, ако е најважниот општествен договор меѓу граѓаните и македонската држава, ако е правен и политички темел на државата, зошто тогаш толку измени?

Но, се отвора и едно незгодно прашање: дали Сиљановска заборави дека и самата 35 години беше дел од политичките процеси во Македонија уште од осамостојувањето, кога се создаваше и се менуваше уставниот поредок на државата? Денес се чуди на 36-те амандмани, утре можеби ќе броиме и 37-ми. А Брисел веќе го испорача следното барање.

„Уставот е темел на државата, а не документ што ќе се менува секогаш кога некој однадвор ќе посака“ нагласува Бачев.

CATEGORIES
TAGS
Share This