АЛКАЛОИД БЕЛЕЖИ РАСТ – Продажби 20,9 милијарди денари и профит 1,8 милијарди
Домашниот пазар учествува со 35 %, а странските пазари со 65 %, со најголем раст во Шведска, Австрија и Холандија.

Во 2025 година „Алкалоид“ АД Скопје оствари консолидирани продажби од 20,9 милијарди денари (+10 %) и консолидирана нето-добивка од 1,8 милијарди денари (+7 %).
На домашниот пазар оствари 35 % од продажбите, а на странските 65 %, со најголем раст во Шведска, Австрија и Холандија.
Фармациските производи сочинуваат 91 % од продажбите, а компанијата продолжи да инвестира во нови погони и лаборатории (1,11 милијарди денари).
Вработени се 3.018 лица, од кои 2.234 се во земјава, а 784 се вработени во капитално поврзаните друштва во странство, а заедницата и државата добија значајна поддршка преку даноци, дивиденди и донации. За 2026 година се планира раст на продажбите и профитот од 7 % и продолжување на развојот на нови пазари и производи.
На 31.12.2025 година акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје беа во сопственост на 6.464 акционери, физички и правни лица, a пазарната капитализација на компанијата изнесуваше 35,8 милијарди денари.


