АЛ НАСР ПРЕД ПОТПИС СО УШТЕ ЕДНА ЅВЕЗДА – Во интензивни преговори со Баерн Минхен

АЛ НАСР ПРЕД ПОТПИС СО УШТЕ ЕДНА ЅВЕЗДА – Во интензивни преговори со Баерн Минхен

Ал Наср започна преговори со Баерн Минхен за трансфер на францускиот крилен напаѓач Кингсли Коман (29), објави фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо. Саудискиот клуб, кој летово веќе ги обезбеди Иниго Мартинез од Барселона и Жоао Феликс од Челзи, сака да ја засили офанзивната линија покрај ѕвездите Кристијано Роналдо, Садио Мане и Марсело Брозовиќ.

Коман, роден во Париз, ја започна кариерата во ПСЖ, а потоа настапуваше за Јувентус пред да се пресели во Баерн, каде во 339 натпревари постигна 72 гола и запиша 71 асистенција, освојувајќи 21 трофеј, меѓу кои Лигата на шампионите и девет титули во Бундеслигата.

Неговиот договор со Баерн трае уште две години, а „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 30 милиони евра. За репрезентацијата на Франција има 58 настапи и осум гола, со освоена Лига на нации.

CATEGORIES
Share This